Наумување

Наумување

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Од перото на Наум Попески, истакнат македонски поет за деца, автор на петнаесетина книги за најмладите читатели, еве нов ракопис, со наслов Наумување – книга за читање и чување. Станува збор за седумдесетина песни за деца од овој наш афирмиран автор, кои, со својата содржина и со пораките што ги носат, ќе ја збогатат македонската книжевност за најмладите читатели и ќе го разубават нивното детство. Книгава е едно расцветано поле за безгрижна игра и растење на децата, кои, другарувајќи со стиховите од својот омилен автор (со кого другаруваат и во читанките по македонски јазик), ќе направат прошетка низ природата, низ татковината, низ убавината, екологијата, но ќе другаруваат и со компјутерот, и со Фејсбукот на интернетот, и со сето она што е во кругот на нивното интересирање.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2015
Автор Наум Попески
ISBN 978-608-243-064-5
Страници 104
Тежина 149
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x