Надвор од рамките: приказна за успехот

Надвор од рамките: приказна за успехот

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Ако работиш доволно напорно и се докажеш, и ги користиш умот и имагинацијата, можеш да си создадеш свет каков што посакуваш.

Во оваа чудесна книга Малком Гладвел нè носи на интелектуално патување во светот на најдобрите и најмудрите, најпознатите и најуспешните – оние кои излегуваат надвор од рамките. Прашувајќи се што ги прави успешните луѓе поинакви, тој доаѓа до низа одговори што не сте ни знаеле дека ви стојат како загатки во умот.

Ние обрнуваме премногу внимание на тоа какви се успешните луѓе, без да ги земеме предвид околностите во кои живеат, нивната култура, фамилија, генерација... И обично забораваме дека тие се концентрираат на сопствената природа и постојано работат на свое подобрување и самонадминување.

Објаснувајќи ги тајните на софтверските милионери, што е потребно да се биде добар фудбалер, зошто Азијците се познати математичари и како Битлси станаа најпознатиот рок-бенд, Гладвел нè поведува во една неверојатна умствена авантура од другата страна на човечката природа.

„Дознајте што ги издвојува луѓето со високи достигнувања од останатите – од Бил Гејтс до Битлси – во неповторливиот број 1 бестселер на Малком Гладвел.“

Њујорк тајмс

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 262
Издавачка куќа Три
Автор Малколм Гледвел
ISBN 9786082308043
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x