На работ на светот

На работ на светот

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Соочувањето со светот на чиј раб стоиме во актуелниот миг е колективно искуство и поетесата не случајно го користи множинското ние во кое се огледува секое јас, отсутно и присутно, осамено и масовно, одродено и очовечено.

Тишината во песните е глаголива и во нејзиниот збор и дејство се случуваат и животот и смртта чии звуци сепнуваат и стаписуваат со сета своја егзистенцијалистичка мачнина и длабочина.

Но хуманистичката порака на оваа поезија e сепак јасна: не смееме да скокнеме од работ на светот во неговата бездна туку во нашето срце, и во него да ја побараме Божјата димензија на човечкото во нас.

Токму затоа, „На работ на светот“ е катарзична стихозбирка и за нас и за светот, и како сведоштво на големото искушение на човештвото што ни се случува и како негово надминување преку „пенкало и тетратка за толкување на значењата, преку Песна“. Лидија Димковска

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 70
Издавачка куќа Три
Автор Виолета Танчева–Златева
ISBN 9786082307701
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x