На пат кон дома
На пат кон дома

На пат кон дома

Цена: 400 ден.

Опис на книгата

Оној кој го знае часот на својата смрт веќе почнал да умира малку по малку…

Сабота е, нешто малку по 22:00 часот. Јулс Танберг е на смена како волонтер во телефонската служба за жени кои бараат смирувачки глас на другиот крај на линијата за да ги придружува додека се враќаат накај дома доцна навечер или каде што се јавуваат во итни случаи. Но досега, ниеден од тие случаи не бил ништо којзнае колку сериозно. Дефинитивно ништо опасно по живот. Сѐ до денес. Сѐ до разговорот на Јулс со Клара.

Младата жена е преплашена. Таа е убедена дека ја следи маж кој веќе ја има нападнато еднаш претходно. Маж кој напишал еден датум на ѕидот во нејзината спална соба, и тоа го напишал со крв. Датумот кога Клара ќе умре. А тој ден доаѓа за помалку од два часа…

Мистериозен, опсесивен, вознемирувачки… ова дефинитивно е најстрашниот психолошки трилер на Фицек досега!

Детали за продуктот

Издавачка куќа Сакам Книги
Себастијан Фицек

Себастијан Фицек

Себастијан Дејвид Фицек (Sebastian Fitzek) (роден на 13 октомври 1971 година во Берлин) е германски писател и новинар. Неговата прва книга „Терапија“ (д -р. Терапија), беше бестселер во Германија во 2006 година, соборувајќи го Кодот на Да Винчи од првата позиција. Фицек во моментов е еден од најуспешните писатели на Германија.

Повеќе за Себастијан Фицек

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x