На крајот од денот

На крајот од денот

Цена: 360 ден.

Опис на книгата

По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност. Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.

На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
Автор Казуо Ишигуро
ISBN 978-608-230-433-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x