Мултикултурализмот кај децата

Мултикултурализмот кај децата

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Книгата „Мултикултурализмот кај децата“ содржи  проучување на  некои ставови и мислења на одделенските наставници за застапеноста на содржините од областа на мултикултурното воспитание, како и за содржините посветени на етничките заедници од Република Македонија, во основното образование.

Мултикултурализмот е актуелно прашање во современите образовни системи и зазема мошне значајно место во предметите што се застапени во основното образование

Децата се развиваат и учат како да се однесуваат во мултикултурна средина и стануваат дел од јавни презентации (медиуми, поп-култура, едукација), а со тоа се подигнуваат комуникациските вештини, како и вештините за успешно дејствување во едно граѓанско, демократско и морално општество. Преку стекнување вештини за однесување, толеранција, соживот, отвореност, како и прифаќање и признавање на разликите, да бидат составен дел на секој образовен сегмент во образовниот систем. На тој начин, учениците од најмала возраст се поттикнуваат на почит и разбирање не само на сопствената култура туку и на другите култури.

Основното образование има особено место и улога во стекнувањето знаења за мултикултурниот карактер на општеството. Постои општествен и научен интерес да се проучува застапеноста на мултикултурата во образовниот систем на РМ.

Мултикултурното образование е образование соодветно за сите ученици, кое одбива секакви форми на дискриминација во училиштето (етнички, расни, религиозни, економски, полови и други), објаснува практики на почитување на културните различности и овозможува стил на предавање што нуди стратегии на прифаќање нови стилови.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Страници 112
Тежина 199
Автор Сања Стојанова
ISBN 978-608-243-215-1
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x