Мртва трка

Мртва трка

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Мртва трка е сурова егзистенцијална приказна за безнадежноста во еден провинциски град кој може да се наоѓа каде било во светот. Со својот разговорен јазик, неа ја раскажуваат неколку тинејџери чии денови минуваат меѓу училиштето, тренинзите во базенот и решеноста да ги пробаат сите забранети овошја на животот, дури и по цена на сопствениот живот. Од една страна, имаат сѐ што сакаат – дрога, секс, брзи автомобили, видеоигри. Но од друга страна, немаат ништо: нивната иднина е лишена од можност за интимност или радост.

Нивните насилни импулси се исто толку бесмислени колку што се сурови и одбивни. Како во бунило, оставаат да бидат носени од настаните сѐ додека главниот меѓу нив, богатиот Патка, не го убие плашливиот Золика. И тогаш почнува да се крева маглата од нивните глави и да се наѕира вистината. А таа е навистина страшна...

„Бенедек Тот пишува како човек што вреска, oбземен од бесен очај. Тој ја разбира моќта на хуморот, но знае и дека светот се движи пребрзо и ги остава оние што не знаат да пливаат на работ на базенот. Уништувачки, убав ноар роман.“ Лекспрес

„Напнат, брутален и немилосрден.“ Телестар

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Издавачка куќа Три
Автор Бенедек Тот
ISBN 9786084892342
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x