Мрачен мотив

Мрачен мотив

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Добре дојдовте во светот на брилијантниот детектив со необичен ум – инспектор Гамаш, легенда од рангот на Херкул Поаро и Шерлок Холмс!

Во планинските предели на Квебек се наоѓа идилично канадско селце, кое нема да го најдете на карта. Таму животот е толку спокоен, што локалните жители не ги заклучуваат вратите. Сѐ додека едно утро омилената и почитувана сликарка Џејн Нил не е пронајдена мртва во шумата. Прободена со стрела во срцето. Случајот е предаден на блескавиот главен инспектор од одделот за убиства, Арманд Гамаш. Вистинска знаменитост во полициските кулоари, проникливиот детектив доаѓа од Монтреал за да ја разгатне мистеријата. Жителите се убедени дека станува збор за несреќен случај за време на лов, но Гамаш брзо открива дека во наизглед тивкото село секој има своја тајна и маска. И дека клучот на загатката се крие во една слика на сликарката, создадена кратко пред да умре.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Страници 336
Тежина 335
Автор Луиз Пени
ISBN 978-608-243-198-7
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x