Момчето молња

Момчето молња

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

– Кој си ти?– Јас?! Мене ме прашувате – Да тебе. – Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?– Овде сум за да ви раскажувам.– Што ќе ни раскажуваш? – За себе за... Е многу сте љубопитни!– Кажи ни кажи ни! – Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете. – Да не е здодевна? – Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.

Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.

Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2015
Издавачка куќа Три
Автор Јагода Михајловска-Георгиева
ISBN 978-608-230-403-8
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x