Моќта на навиките

Моќта на навиките

Цена: 430 ден.

Опис на книгата

Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики. Добитникот на Пулицерова награда новинарот на Њујорк тајмс Чарлс Дјухиг нè води по тој пат на трансформација нудејќи ни едно ново поимање на човековата природа и нејзиниот потенцијал за развој.

Авторот ни ги открива начинот на кој функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на Старбакс Хаурд Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг Помладиот и десетина други познати и помалку познати личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи, туку и во нашата работна средина и во целото општество.

Моќта на навиките изобилува со објаснувања на многу важни прашања:- што претставуваат навиките и како работи мозокот- какви навики имаат успешните луѓе и компании- кое е Златното правило за промена на навиките...

Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките: во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.

Детали за продуктот

ISBN 978-608-4569-71-8
Корица Мека
Година на издавање 2018
Страници 312
Издавачка куќа Три
Автор Чарлс Дјухиг
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x