Мојата сестра, сериски убиец

Мојата сестра, сериски убиец

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Три убиства веќе те прават сериски убиец. Или не?

Кореде е огорчена. И, како да не биде?! Нејзината сестра Ајола е многу нешта: омиленото дете, најубавата ќерка, но веројатно и – социопат.

Кога вечерата на Кореде е прекината од вознемирувачкиот повик на сестра ѝ Ајола, таа знае што се очекува од неа: белило, гумени ракавици, нерви од челик и силен стомак. Ова ќе биде третото момче на Ајола по ред – „убиено во самоодбрана“ и со тоа официјално трета збрка што нејзината сестра треба да ја расчисти.

Кореде веројатно би требало да оди во полиција, но… ја сака својата сестра и, како што велат: семејството секогаш на прво место.

Морничав трилер преполн со црн хумор и сатира, приказна за љубовта, но и остра критика на семејните односи во современото општество.

Оваа книга за рекордно брзо време се искачи на сите читателски топ-листи. Беше и на пошироката листа на номинации за Букеровата награда за 2019 и финалист на Women’s Prize 2019.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Страници 192
Тежина 202
Автор Ојинкан Брејтвејт
ISBN 978-608-243-388-2
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x