Мојата борба (прв дел)

Мојата борба (прв дел)

Цена: 580 ден.

Опис на книгата

Првото издание на првиот том на Мојата борба се појави на 19 јули 1925 година во Германија и веднаш е наречена Библија на германскиот народ. Според К. Хајден, таа спокојно може да се нарече Библија, но сатаничка! Тој нагласува дека Хитлер постигнал нешто многу важно со својата книга. Тој го фалсификувал сопствениот живот, го претставил во херојска светлина достојна за водачот на една голема партија, за единствениот творец на националсоцијализмот. Мојата борба требало да докаже како со сопствени сили, сиромашниот, обичен Германец се претвора во симбол на уништениот, но непобедлив германски народ. До крајот на Втората светска војна, Мојата борба е преведена на сите светски јазици и е продадена во 9.840.000 примероци. До денес, книгата доживеала илјадници изданија и се смета дека е најиздавана и најчитана книга во светот, после Библијата. Еве му можност, и на македонскиот читател, иако меѓу последните во светот, да ја прочита, најконтроверзната книга на Адолф Хитлер, на македонски јазик, и да суди за неа.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2011
Автор Адолф Хитлер
ISBN 978-608-201-217-9
Издавачка куќа Ѓурѓа
Страници 592
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x