Повеќето приказни во ова дело се вистински лекции за доблестите што треба секој од нас да ги негува. Низ животната приказна што ја зема за подлога во своите раскази и романи, Маркиз де Сад секогаш дава поука како не треба да се однесуваме и како треба правилно да постапуваме во слични околности. Приказните варираат од едноставни анегдоти, со пресврт во дејството, до остроумни скокотливи комедии, па дури и со фантастични елементи. Како и да е, Садовиот познат однос кон религијата, моралноста и француската влада останува препознатлив во секоја приказна.