Месечарот
Месечарот

Месечарот

Цена: 400 ден.

Опис на книгата

Како дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен… но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?

Исплашен и испаничен, Леон решава дека мора некако да открие што прави додека спие, како се однесува во сон, па става држач за камера на челото. Камерата снима и во темница и се активира со сензори на движење. Кога седнува да ја прегледа снимката следното утро, доаѓа до откритие кое е полудо и од најлудата имагинација. Неговата ноќна верзија – месечарот – поминува низ врата која нему му е тотално непозната и се спушта некаде во темнината...

Детали за продуктот

Корица Мека
Издавачка куќа Сакам Книги
Себастијан Фицек

Себастијан Фицек

Себастијан Дејвид Фицек (Sebastian Fitzek) (роден на 13 октомври 1971 година во Берлин) е германски писател и новинар. Неговата прва книга „Терапија“ (д -р. Терапија), беше бестселер во Германија во 2006 година, соборувајќи го Кодот на Да Винчи од првата позиција. Фицек во моментов е еден од најуспешните писатели на Германија.

Повеќе за Себастијан Фицек

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x