Менон

Менон

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Според многу истражувачи на Платон „Менон“ се смета за увод во Платоновото учење и клучно за неговото филозофско созревање. Тоа е етички дијалог во сократовски манир, што се стреми да ја дефинира општата доблест, наспроти конкретните доблести како што се правдината или умерноста.

Што е доблеста и кој е нејзиниот извор? Дали е нешто што може да се научи или е просто карактерна црта што некои луѓе ја имаат од раѓање? Во текот на дијалогот се разгледуваат и двете мненија, но и двете не се целосно издржани. Бидејќи знаењето е сеќавање на нешто што е научено во минат живот – оти душата е вечна и знае сè – сфаќаме дека доблеста не е вродена и не се учи, туку е дар од Бога. Впрочем, знаењето е највозвишената човечка доблест, а доблесното дејствување е патот до исполнет живот.

Ова е првиот македонски превод на Платоновиот „Менон“, што само по семе претставува важно достигнување кое го доближува изворниот текст и до акедемската заедница и до широката читателска публика.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Автор ПЛАТОН
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082305004
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x