Мемоарите на Шерлок Холмс

Мемоарите на Шерлок Холмс

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Втората книга од приказните за Шерлок Холмс содржи дел од најдобрите авантури на најпознатиот детектив на сите времиња. Класична збирка од 1894 година, во која на Холмс му се даваат подлабоки димензии, а заплетите стануваат сè помрачни и покомплексни.

Шерлок Холмс и неговиот верен партнер д-р Вотсон ќе решат дел од најбизарните случаи – исчезнувањето на тркачкиот коњ Сребрен Пламен, ужасните околности во кои ќе се најде Грчкиот толкувач и чудната мистерија на Ритуалот на семејството Масгрејв – а наспроти сите овие случаи, еден генијален криминален ум ќе планира како да му стави крај на постоењето на големиот детектив.

Холмс и д-р Вотсон остануваат најдобриот тим детективи во историјата, а начинот на кој сер Артур Конан Дојл ги прикажува машкото пријателство, возбудата при гонењето, како и магливите предградија на градот Лондон во викторијанската ера, останува нешто неповторливо во детективската книжевност.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Страници 256
Тежина 264
Автор Артур Конан Дојл
ISBN 978-608-243-387-5
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x