Книга која на современ начин, со поглед од 21от век, нуди сеопфатни одговори, лични коментари и толкувања за вечните прашања и дилеми – што е Масонеријата!? кога се започнало!? обзнанување, еволуција и ширење на спекулативната или мисловната Масонерија; различни Обединенции, Редови и “степени”; анти-масонски теории, конспирации и фанатични противници; Масонеријата и религијата, политиката и општествата; Масоните како безвременска духовна аристократија на човештвото; “Сина Масонерија”, масонска Ложа, хиерархиска организираност и ритуална работа во “Отворена Ложа”; масонска филозофија, иницијациски Ред, езотерија, симболизам.