Магијата на големите соништа

Магијата на големите соништа

Цена: 430 ден.

Опис на книгата

Поставете си високи цели…а потоа надминете ги!

Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир.

Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот… Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот. А оваа книга ви ги открива тајните како да стекнете:

» лично богатство

» финансиска сигурност

» моќ и влијание

» совршена работа

» среќни односи

» убав и исполнет живот

Детали за продуктот

ISBN 978-608-4569-30-5
Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
Автор Дејвид Џ. Шварц
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x