Мачката со гладно меше

Мачката со гладно меше

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Во една пуста земја мало девојче сретнува огромна мачка што постојано е гладна. Таа досега изела цела армија луѓе, неколку села, сите животни од една шума, рибите во морето и што уште не. Но дали лакомоста има крај?

Бидејќи сега се заканува дека ќе го проголта и девојчето. Но тоа ѝ дава поинаква понуда. Да патуваат заедно низ земјата, сѐ додека не најдат нешто што би ја заситило. Шетајќи наидуваат само на суша, непогоди и луѓе што немаат што да јадат освен своите соништа.

Што е тоа што се наоѓа во мешето на мачката, што ја направило толку гладна?

И дали храброто девојче ќе излезе накрај со алчноста пред која е исправен светот?

„Мачката со гладно меше“ е класична бајка со современа тема. Деталните илустрации на Теему Јухани додаваат нов слој на приказната. Книгата ја добила Финската награда за промоција во странство и била номинирана за Наградата на нордискиот совет за книги за деца и млади.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 48
Издавачка куќа Антолог
Автор Магдалена Хаи
ISBN 978-608-243-514-5
Тежина 130
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x