Луна

Луна

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

„Што сакаш всушност да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“ признав.„Со никого не се гледаше ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор нели?“ го повиши гласот.„Да да“ промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“

Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.

Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2015
Страници 302
Издавачка куќа Три
Автор Винка Саздова
ISBN 978-608-230-404-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x