Ловци на глави

Ловци на глави

Распродадено

Опис на книгата

Роџер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но, ваквата кариера не е доволна за да го финансира неговиот луксузен начин на живот и новата галерија на неговата сопруга. Една вечер, на отвoрање на изложба, тој се запознава со Клас Греве, кој не само што е совршен кандидат за позицијата извршен директор на една компанија, туку е и решение за сите негови финансиски грижи: Греве, навидум случајно, спомнува дека е сопственик на слика од Питер Пол Рубенс од непроценлива вредност, која се води како исчезната уште од времето на Втората светска војна – а Роџер Браун е вплеткан во кражби на уметнички дела. Но, откако ќе провали во станот на Греве, покрај сликата открива и многу други работи. А, Клас Греве станува најужасното искуство во животот на Роџер Браун.„Превртлив трилер со хичковска приказна... Несбе приредува еден шок по друг, а кулминира со невиден и неочекуван сплет на настаните. Возбудлива приказна која нема да ви дозволи да ја пуштите од раце“. Буклист„Доколку не го познавате Ју Несбе, крајно време е да го запознаете“. – УСА тудеј

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2013
Издавачка куќа Три
Автор Ју Несбе
ISBN 9786082301396
Страници 246
Ју Несбе

Ју Несбе

Ју Несбе (роден на 29 март 1960) е норвешки писател, музичар, економист и поранешен фудбалер и известувач. Повеќе од 3 милиони копии од неговите романи беа продадени во Норвешка од март 2014 година; неговото дело е преведено на повеќе од 50 јазици, а до 2021 година се продадени околу 50 милиони примероци ширум светот. Познат првенствено по неговите крими-романи со инспекторот Хари Хол, Несбе е исто така главен вокал и текстописец за норвешкиот рок бенд Ди Дер. Во 2007 година ја издаде својата прва книга за деца, Доктор Прокторс Промпулвер. Филмот од 2011 година, Ловци на глави, е базиран на романот на Несбе.

Повеќе за Ју Несбе

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x