Љубавина

Љубавина

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Ракописот „Љубавина“ од Ѓоко Здравески претставува збирка љубовна поезија од седумдесетина страници, поделена во три циклуси. Во песните од сите три циклуси главно се пее за бестелесна љубов, за љубовта како премин, за љубовта како начин на постоење (онтологија) и како начин да се спознава светот (гносеологија). Иако навидум апстрактна, инспирацијата на лирскиот субјект секогаш доаѓа директно од физичката стварност. Самиот наслов претставува неологизам, кој во себе ги содржи љубовта и убавината. Во книгата се чести јазичните игри, постапка карактеристична за поезијата на Здравески.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 72
Година на издавање 2016
Тежина 89
Автор Ѓоко Здравески
ISBN 978-608-243-152-9
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x