Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма - еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа.Книгата Лидер без титула ќе ве научи:-Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате-Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња-Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1-Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага -Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен животБез оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум! „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“.Ричард Карлсон „Лидер без титула е книга што ќе ви го измени животот. Прочитајте ја и подгответе се за неверојатна промена“. Њујорк тајмс