Лавиринтот: Невозможно бегство

Лавиринтот: Невозможно бегство

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

#1 БЕСТСЕЛЕР НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“

Ако не си исплашен, тогаш не си човек.

Томас се буди во мрачен лифт. Паметењето му е избришано. Се сеќава единствено на своето име. Кога вратите се отвораат, го заслепува светлина и открива дека е опкружен со група момчиња, кои, исто така, не се сеќаваат кои се, ниту како стигнале таму.

Добре дојде на Ледината.

Зад високите камења околу целата Ледина се простира Лавиринтот, кој постојано се менува. Тоа е единствениот излез оттаму, но никој досега не го минал жив.

Сè ќе се промени.

А потоа, пристигнува една девојка. Првата девојка што некогаш стапнала на Ледината. Девојка со застрашувачка порака.

Сети се. Спаси се. Бегај.

Футуристичката антиутопија „Лавиринтот: Невозможно бегство“ е прва книга од серијалот на Дашнер, сметана за современа класика, по која е снимен и истоимениот филм од 2014 година.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Автор Џејмс Дашнер
ISBN 978-608-243-179-6
Страници 348
Тежина 336
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x