La Superba

La Superba

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Оваа книга е делона еден од најважните современи европски писатели, кој решава да му напише љубовно писмо не на градот во кој е роден туку на италијанскиот град во кој живее. Џенова енаречен La Superba поради својата убавина и богата историја. Главниот херој, во кој препознаваме црти на самиот автор, ја истражува дивата страна на овој мистериозен и егзотичен град, полн со лавиринти и магија. Сè почнува со глетката на една женска нога, која го фрла раскажувачот во потрагата „по најубавата девојка во Џенова“, потрага што ќе го води низ улиците на проститутките, мигрантските засолништа, пристаништата, баровите полни морнари. Оваа книга е како џебно издание на Пеколот на Данте, напишана од автор што ужива да оди во крајности, вистински мајстор на јазикот и на раскажувањето.

La Superba е ремек-дело на Фајфер, громогласно фалено со самото објавување во 2013 година, кога ги добило наградите Либрис, најпрестижната литературна награда во Холандија, и Цум, наградата „за најубава реченица напишана на холандски јазик“.

 

 

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Страници 352
Автор Илја Леонард Фајфер
ISBN 978-608-243-226-7
Тежина 341
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x