Симболично богато со слоеви сложено и загадочно пред нас е дело што во иднина несомнено ќе биде читано и толку- вано на разни начини и што со време ќе добива во смисла и значења. - Влада Урошевиќ
Со овој роман Маџунков суверено ја брани репутацијата што веќе ја стекна во книжевната јавност. Тој владее со јазикот и нарацијата, приврзаник е на префинета стилистика, прецизна дескрипција и култивирана, на моменти орнаментално брилијантна синтакса. Тоа е писател од култура во најширокото значење на зборот. - Сава Пенчиќ
Основната вредност на овој роман и е во тоа што конкретниот живот на Ридот се укажува и како основен симбол на романот. - Марко Недиќ
Романот претставува амбициозно заснована и успешно реализирана парабола за историската судбина на балкан- ските народи, а пред сè на македонскиот народ. - Чедомор Мирковиќ