Куклената претстава
Куклената претстава

Куклената претстава

Цена: 470 ден.

Опис на книгата

Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни.

Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.

Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.

Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив...

Детали за продуктот

Корица Мека
Издавачка куќа Сакам Книги
Автор М.В.Крејвен
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x