Кралството

Кралството

Цена: 580 ден.

Опис на книгата

Кога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.

Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува...

Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?

„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.

„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“ - Киркус ривјус

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Издавачка куќа Три
Автор Ју Несбе
ISBN 9786082308111
Ју Несбе

Ју Несбе

Ју Несбе (роден на 29 март 1960) е норвешки писател, музичар, економист и поранешен фудбалер и известувач. Повеќе од 3 милиони копии од неговите романи беа продадени во Норвешка од март 2014 година; неговото дело е преведено на повеќе од 50 јазици, а до 2021 година се продадени околу 50 милиони примероци ширум светот. Познат првенствено по неговите крими-романи со инспекторот Хари Хол, Несбе е исто така главен вокал и текстописец за норвешкиот рок бенд Ди Дер. Во 2007 година ја издаде својата прва книга за деца, Доктор Прокторс Промпулвер. Филмот од 2011 година, Ловци на глави, е базиран на романот на Несбе.

Повеќе за Ју Несбе
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x