Крајот на осаменоста

Крајот на осаменоста

Цена: 360 ден.

Опис на книгата

Трогателен роман за загубата на саканите и осаменоста, емотивна приказна за семејството и пријателството. И над сè, голема љубовна историја.

Крајот на осаменоста нè води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра кои ги губат своите родители во автомобилска несреќа и го поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Кога ќе пораснат, сметаат дека го надминале тој удар на судбината, но. Поминувајќи низ подеми и падови, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи.

Калеидоскопска семејна сага и колеблива, закрепнувачка љубовна приказна, Крајот на осаменоста нуди неверојатни размисли за моќта на спомените, за загубата и она од кое никогаш не можеме да се ослободиме и да го заборавиме. Со неповторливо сочувство и блескав стил, Бенедикт Велс ни покажува што значи да си го најдеме патот во животот и нè потсетува дека доколку не ја изгубиме надежта, ќе најдеме и некој со когошто би го изоделе.

Уште со своето деби овој млад автор нè воодушеви со својата зрелост. Зидојче цајтунг

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Издавачка куќа Три
Автор Бенедик Велс
ISBN 978-608-230-6780
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x