Копилето од Истанбул

Копилето од Истанбул

Цена: 360 ден.

Опис на книгата

Во Копилето од Истанбул Елиф Шафак една од најистакнатите современи турски писателки го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка. Централното место го има „копилето“ од насловот Асја деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Џони Кеш и француските егзистенцијалисти и четирите сестри во фамилијата Казанџи што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха мајката на Асја бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирање; Бану која неодамна ја открила „гатачката“ во себе; Џеврие вдовица и наставничка по национална историја; и Фериде хипохондрик опседната со неизбежни катастрофи; нивната строга мајка и нивната баба што тоне во заборавот на Алцхајмеровата болест. Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш Ерменка по татко. Армануш тајно лета во Истанбул во потрага по сопствениот идентитет и остатоците на тешкото семејно минато и бргу се спријателува со Асја. Со доза на мистицизам се расветлува долго чуваната тајна што ги поврзува овие две фамилии уште во далечната 1915 година. Полна со живописни незаборавни ликови Копилето од Истанбул е храбра моќна приказна што ја вивна Шафак на врвот на светската книжевна сцена.

„Прекрасна замисла... овој неверојатен роман просто ме одведе. А кога се вратив, реалноста повеќе не беше иста.“Чикаго трибјун

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2011
Издавачка куќа Три
Страници 342
Автор Елиф Шафак
ISBN 786082300078
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x