Контури

Контури

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Необичен колаж од портрети епизоди и размисли што ги собира и раскажува една англиска писателка на своето патување во Атина каде што оди да одржи предавање на летна школа за креативно пишување. Завиени во задушливата омарнина, на екскурзиите со брод, во училницата и во развревените градски кафулиња, ги запознаваме нејзините соговорници ‒ зборлестиот сосед од авионот, учениците од секаков профил, колегите писатели и старите пријатели. И колку поизразен е нивниот глас за мистеријата на креативноста и мрачните страни на интимноста, толку повоздржана е нивната слушателка ‒ магливо огледана во нивните исповеди, сопствената животна приказна и најдлабоките чувства таа ги остава само загатнати. Отстапувајќи од традиционалниот роман според формата и техниката, Контури е зрел оглед за идентитетот и неговото обезличување, потребата од другиот и потребата од (не)искажувањето. Ремек-дело за творечкиот порив што заслужено наиде на блескави критики и номинации за повеќе книжевни признанија.„Волшебно. Контури е еден сосем поинаков роман, свет што се претопува со нашиот, но не на начинот на кој би очекувале.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Издавачка куќа Три
Автор Рејчел Каск
ISBN 978-608-230-575-2
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x