Компјутерџии (меки корици)

Компјутерџии (меки корици)

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Впечатлив наслов со уште повпечатлива и актуелна содржина. Почнувајќи од првозастапениот расказ „Било…“, кој со пораката потсетува на времињата во кои на еден друг, поинаков начин, учеле и се забавувале бабите и дедовците, па и татковците и мајките на денешните деца, преку „Компјутерџии“ (текст според кој авторот ја нарекол и целава збирка), а во кој веќе се навестуваат и темите, игрите и однесувањата на децата во ова ново, модерно, интернетско и „фејсбуковско“ време, на натамошните страници од книгава следува цел наниз на прозни минијатури инспирирани од денешнината. На тој начин и во тој и таков современ стил на раскажување, однесување, комуницирање и едуцирање, читателите имаат задоволство да проследат педесетина невообичаени, оригинални, инвентивни и досега – барем не на ваков начин – воопшто нетретирани теми за книжевна „обработка“.

Сето тоа, овде и сега, може да се согледа и од „Бренд-ови“, и од „Фанови на идоли“, и од „Модерен роденден“, и од „Спасоносниот дигитрон“, и од „Лап-топ и лаптоп“, и од „Цела училишна табла в џеб“… И не само од нив, и не само од неа…

Детали за продуктот

Корица Мека
ISBN 978-608-66345-2-0
Страници 76
Година на издавање 2021
Тежина 108
Издавачка куќа Антолог
Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски (1 октомври 1946, Пехчево) — македонски самостоен уметник, писател и издавач, хуморист и сатиричар.

Повеќе за Александар Кујунџиски
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x