Која игра ја играш?

Која игра ја играш?

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Бестселерот Која игра ја играш? на психијатарот Ерик Берн е книга што им помогна на милиони луѓе да ја сфатат динамиката на врските и да го подобрат својот живот.

Сите ние играме игри. Тоа го правиме при секоја средба со другите. Природата на овие игри зависи и од ситуацијата, но и од другиот учесник во играта. Оваа класика е најдостапната и најпроникливата книга напишана досега за игрите што ги играме: оние шаблони на однесување кои ги откриваат нашите вистински чувства и емоции. Со мудрост и досетливост ни ги покажува мотивите што се кријат зад нашите врски и ги истражува улогите што се обидуваме да ги играме – и сме принудени да ги играме. Која игра ја играш? ви го дава клучот за психологијата на другиот – и на самиот себеси. Ќе станете поискрени, поефикасни и вистински тимски играч.

„Генијална, забавна и јасна илустрација на психолошкиот театар што луѓето непрестајно го играат.“ Курт Вонегат

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
Автор Ерик Берн
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x