Кој ми го убил кучето?

Кој ми го убил кучето?

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Единствената желба на Мартина е да има свое куче. Всушност, нејзиното семејство има куче, но тоа е бавно, старо, здодевно и најважно од сè – не е само нејзино. Со големи напори Мартина успева да ги убеди родителите да ѝ дозволат да си го земе малото бело кутре, кое ќе го нарече Снег, или нагалено Снешко. Животот со Снешко не тече онака како што си го замислувала Мартина. Снешко е глув, непредвидлив, не слуша наредби и постојано бега од домашниот двор. При едно од многуте бегства, за жал, завршува под тркалата на еден автомобил. Но чиј? Мартина започнува детективска истрага. Во тоа ѝ помагаат верните другари од селото, во кое животот е неспоредливо поубав отколку во Прага.

За секое дете ретко има поголем шок од сознанието дека неговото милениче го нема веќе.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Автор Петра Соукупова
ISBN 978-608-243-355-4
Страници 148
Тежина 255
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x