Коцкар

Коцкар

Распродадено

Опис на книгата

Коцкањето и страста по рулетот биле многу повеќе од обична тема и инспирација за пишување за Достоевски – тој и самиот бил нивен зависник. Додека го пишувал Коцкар, бил под притисок да ги исплати своите коцкарски долгови. Можеби и затоа се олицетворува во главниот лик Алексеј Иванович, млад учител кај еден осиромашен руски генерал кој го прокоцкува своето наследство.

Кога ќе дознае дека девојката за која е готов да го даде животот навистина го сака, тој нема сили да ја исчисти душата од својот порок и да ја отвори за нов живот со неа. Сфаќа дека згрешил, дека можел да има љубов, но толку е обземен од страста за ризик и за играње со животот, од страста да ужива во мигот кога повторно ќе добие што за него веќе не постои друга реалност. Длабоко во себе, тој знае дека греши и дека губи сѐ, но верува дека може повторно да застане на нозе, да воскресне, меѓутоа откако ќе добие – само уште еднаш.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 144
Година на издавање 2011
Автор Фјодор М. Достоевски
ISBN 9786082011455
Издавачка куќа Ѓурѓа
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x