Ќерката на премиерот

Ќерката на премиерот

Цена: 320 ден.

Опис на книгата

Ана е млада, убава и образована девојка која како студентка за освојување на љубовта на еден ликовен уметник, од аматер станува вистински професионалец, како во сликањето, така и во пишаниот збор. Негувањето на тие таленти не ги гледа како дарба, туку како љубовна казна за својата наивност, добрина и ненавремена подготвеност да се прекине со себичноста и дволичноста на човекот што го сака.

Успехот го затскрива зад напорната работа и псевдонимот под кој ги издава своите дела. Необичната средба со Марко, младото момче кое сака да се самоубие таму горе на високите карпи, надвиснати над морето, ѝ го променува целиот живот.

Судбината ја стави неочекувано меѓу животот и смртта. Во таа борба за мотив, за мала надеж, за спас на една зацрнета млада душа, мора да го отвори и своето срце, да ги извади низ зборови своите тајни. Да му раскаже за ќерката на премиерот...

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Автор Милена Лунеска
ISBN 978-608-201-395-4
Издавачка куќа Ѓурѓа
Страници 280
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x