Катедралата на морето
Катедралата на морето

Катедралата на морето

Цена: 470 ден.

Опис на книгата

Арнау Естањол, макотрпно се пробива на патот кон слободата и успехот. Од амал кој на грб пренесува тешки камења за изградбата на величествената катедрала Санта Марија, Арнау достигнува непредвидливи висини и станува еден од најмоќните луѓе во Барселона. Но, тоа е тежок пат на кој ќе претрпи стравотни удари на судбината, загуба и предавство од оние кои му се најмили. Кога поради забранетото пријателство со Евреи ќе се најде во канџите на злогласната шпанска инквизиција, Арнау ќе се соочи со Жоан, најдобриот пријател и посвоен брат. Што ќе победи: верската жар или братската љубов? Шпанска инквизиција во XIV век, сплетки, предавство и одмазда, но и љубов, страст и безусловно пријателство, сето ова е испреплетено во оваа неверојатна приказна за човекот кој никогаш не ги заборавил своите корени.

Детали за продуктот

ISBN 978-608-262-002-2
Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Култура
Автор Илдефонсо Фалконес
Страници 610
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x