Капе времето

Капе времето

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Книгата „Капе времето“ доследно го потврдува исклучителното поетско пеење и мислење на Виолета Танчева-Златева, уште еднаш на увид доставувајќи ја сопствената лирска вистина која прозборува со полн и јасен глас, со сликовит и згуснат јазик. Песните упатуваат на стварноста, посeбно оние со посвета, во кои се апострофира суштината и длабочината како автентичен и личен однос со трајна и универзална вредност.

Славе Ѓорѓо Димоски

Станува збор за точна поезија во една филозофска смисла на зборот: таа како да е пишувана според филозофиите кои се занимаваат со феноменот на свеста наречен „време“, а сепак доаѓа до тие филозофеми сосема сама, од личен опит, што ја вбројува во таканаречените невини поетски перцепции, оние кои не доаѓаат од книги, туку од животното искуство... За неа токму синхроницитетот на минатото, сегашното и иднината е она што води кон ништото, кон небитието...

Венко Андоновски

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 80
Издавачка куќа Три
Автор Виолета Танчева–Златева
ISBN 9786084892588
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x