Оваа инспиративна, сугестивна книга има за цел да ги поттикне луѓето да ја откријат и прифатат вистината дека „тие самите се обликуваат себе“, како резултат на мислите кои ги избираат и охрабруваат. Вистината е дека умот е ткајач, како на внатрешното руво на карактерот, така и на надворешниот плашт на околностите, и дека како што досега ткаеле во незнаење и болка, така отсега можат да почнат да ткаат во просветленост и радост. Ако човек истрае во чистотата на своите мисли, радоста ќе го следи како неговата сопствена сенка.