Како во филм

Како во филм

Цена: 320 ден.

Опис на книгата

Момчето Гашпер вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда која го напуштила сонот да стане сликарка  и таткото Јоже кој сè почесто отсуствува од дома што предизвикува бурни кавги. Него почнува да го копка чудното (не)расположение на мајка му па почнува да пребарува на Интернет и доаѓа до сознанието дека ќе стане популарен во училиште ако дознаат дека мајка му се дрогира. Но дали не се работи за нешто друго?

Гашпер си има и други проблеми. Соученичката Тина го избегнува во училиште и сака да разговараат само по Скајп. Го прогонуваат и го исмеваат тројцата школски насилници. А најдобриот другар Марко е готов да го предаде за да се спаси од нив. Текот на овие секојдневни настани е прекинат од жестоката караница на родителите, ненадејното исчезнување на мајка му и посетатата кај чудниот Макс. Одеднаш, животот на Гашпер почнува да добива друга димензија!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Винко Модерндорфер
ISBN 978-608-4569-855
Страници 245

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x