Кафка на брегот

Кафка на брегот

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Кафка на брегот е едно од најамбициозните дела на мајсторот на современата јапонска проза, Харуки Мураками. Овој бисер на метафизичкиот реализам ја следи судбината на два впечатлици лика: жртвата на едиповската фрустрација, тинејџерот - бегалец Кафка Тамура, и остарениот налудничав Наката, кој никогаш не закрепнал од воените трауми и кого Кафка необјасниво го привлекува. И додека патиштата на овие двајца навидум неспоиви ликови се доближуваат, пред нас се отвора фантастичен свет во кој мачките зборуваат, проститутката која работи за еден морничав сводник го цитира Хегел, во шумата се среќаваат војници за кои времето застанало во Втората светска војна, а од небото лее порој од риби.. Се случува и сурово убиство. Која е жртвата? Кој е убиецот? Восхитениот читател ќе ги добие сите одговори – заедно со разјаснувањето на судбината на Кафка и Наката.

Бајковитиот свет на Кафка на брегот е вистински показ на мајсторството на големиот раскажувач Мураками, роман од кој извира раскошниот талент на еден од најголемите светски автори на врвот на својата творечка сила.

„Напнат роман што се чита без здив, но и предизвикувачка метафизичка гимнастика за умот. А под сите тие трескави патешествија набиени со симболика нè влече нешто потсвесно, скоро еднакво силно како сексот и животот: ништотноста, ништото, блажената празника. Мураками е нежен слика на негативните простори.“

Њујоркер

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082304823
Страници 539
Харуки Мураками

Харуки Мураками

Харуки Мураками (Haruki Murakami) (роден на 12 јануари 1949 година) е јапонски писател. Неговите романи, есеи и раскази се бестселери во Јапонија, како и на меѓународно ниво, со тоа што неговата работа е преведена на 50 јазици и продава милиони примероци надвор од Јапонија. Има добиено бројни награди за неговата работа, вклучувајќи ја и наградата Гунзу за нови писатели, Светската награда за фантазија, Меѓународната награда за краток расказ „Френк О’Конор“, наградата Франц Кафка и наградата Ерусалим, чии претходни добитници се Ј.М. Коети, Милано Кундера и В.С Најпаул.

Повеќе за Харуки Мураками
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x