Измиен грев

Измиен грев

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Кога се раѓа малата Фрмеск, таткото не ја прифаќа зашто е девојче. Згора на сè, бележана е доживотно со перче коса бела како креда на предниот дел на ќелавото главче. Дали е ова знак од Алах? Дали Фрмеск е благословена или проколната?

Мајката на Фрмеск се плаши дека маж ѝ ќе го остави новороденчето на улица. Како што се интензивира неговото насилно однесување, единственото што ѝ останува е да го даде детето да го одгледаат други луѓе.

Фрмеск расте во љубов со своите баба и дедо. Дедото е доброобразован полковник во пензија, а бабата „измивачка на мртовци“. Таа се грижи за жени што никој не сака да ги погребе – убиени во обесчестеност и срам. Но само кратко време бабата и дедото можат да ја заштитат Фрмеск од физичкото и менталното насилство врз жените во Курдистан, придружено со војна, геноцид и омраза.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 304
Автор Сара Омар
ISBN 978-608-243-461-2
Тежина 307
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x