Исповедта на акушерката
Исповедта на акушерката

Исповедта на акушерката

Цена: 430 ден.

Опис на книгата

Роман раскажан со многу чувствителност и остроумност, „Исповедта на акушерката“ ќе ве натера ноќта да ја претворите во ден.

Драга Ана,

Она што треба да ви го кажам е тешко да се напише, но знам дека ќе ви биде многу потешко да го слушнете, и навистина многу ми е жал...

Незавршеното писмо е единствената трага што Тара и Емерсон ја имаат за причината за самоубиството на нивната блиска пријателка Ноел. Она што го знаеја за Ноел беше нејзината работа како акушерка, нејзината страст за животот, нејзината љубов кон пријателите и семејството. Сепак, имаше толку многу што не знаеја. Со откривањето на писмото и огромната тајна, пријателите на Ноел почнуваат да ја откриваат вистината за жената што била дел од нивните животи и дел од животите на неколку непознати луѓе. Живот исполнет со љубов и предавство, сочувство и измама.

Приказна за измама која прашува: Колку е потребно за да се прости?

Детали за продуктот

Корица Мека
Издавачка куќа Култура
Автор Дијана Чејмберлен
ISBN 978-608-262-113-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x