Исповедите на Катерина Медичи

Исповедите на Катерина Медичи

Цена: 530 ден.

Опис на книгата

Вистината е дека никој не e невин.Сите ние имаме гревови.

Исповедите на Катерина Медичи е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство.За други таа е посветен спасител на Француската монархија.

Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна.К.В.Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзинотосемејство.

Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, Исповедите на Катерина Медичи претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица.

Детали за продуктот

Корица Мека
Издавачка куќа Култура
Автор К. В. Гортнер
ISBN 9786082620015
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x