Исцелување на светот

Исцелување на светот

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

„Исцелување на светот“ е приказна за животот на двајца луѓе во време на крајности. Георг и Вера во една точка од своите животи имаат екстремно спротивставени биографии. Тие се среќаваат кога тоа станува можно, откако сè на светот било против таа нивна средба. Но потоа заминуваат секој по својот пат, иако сега пак сè ги упатува на тоа да останат заедно.

Станува збор за епска приказна што сведочи за моќта на идеологијата способна да подели речиси сè. Романот го опфаќа периодот од втората половина на XVIII век, кога група германски колонисти пристигнуваат во Славонија, Хрватска, во рамките на реформите на Марија Терезија, па сè до распадот на Југославија кон крајот на XX век.

„Исцелување на светот“ е најнаградуваниот хрватски роман во последните неколку години. Добитник е на наградите „Меша Селимовиќ“, „Мирко Ковач“, „Радомир Константиновиќ“, „Кочиќево перо“ и „roman@tportal.hr – награда за најдобар хрватски роман“!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Автор Слободан Шнајдер
ISBN 978-608-243-314-1
Страници 504
Тежина 490
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x