Имињата во македонската фразеологија

Имињата во македонската фразеологија

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Овој труд е резултат на неколкугодишниот интерес кон темата која досега не е подетално обработена во македонскиот јазик.

Потеклото на имињата во македонската фразеологија е различно: од Библијата, од митологијата, од народното творештво, од уметничката литература и од други извори. Фразеологијата, како креативен дел од јазикот, ја илустрира вековната народна мудрост што се гледа во значењата и на овој вид фраземи.

Вкупно се анализирани 417 фразеолошки изрази поделени (тематски) во следните поглавја: Имињата во јазикот; Именскиот инвентар во македонската фразеологија; Антропонимите во македонската фразеологија; Топонимите во македонската фразеологија; Еортонимите во македонската фразеологија; Етнонимите во македонската фразеологија и Македонска дијалектна фразеологија.

По теоретскиот дел следуваат Речник на онимиски фраземи во македонскиот јазик и Користена литература.

Книгата е наменета за студентите што го проучуваат македонскиот јазик, но ќе биде корисна и за сите што пројавуваат интерес за изградување на јазичната култура. 

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 176
Тежина 202
Издавачка куќа Антолог
Автор Биљана Мирчевска-Бошева
ISBN 978-608-243-483-4
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x