Хипи

Хипи

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Црпејќи од своето богато животно искуство во овој роман Пауло Коелјо пишува за сонот за преобразба и пацифизам на хипи генерацијата од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век.

Пауло е млад човек со долга коса што сака да стане писател. Бегајќи од воената диктатура во Бразил, тргнува на пат по светот во потрага по слобода и спиритуалност. Во Амстердам ја запознава Карла, млада Холанѓанка што го чека токму него за да тргне за Непал, најновата хит-дестинација на хипи племето, возејќи се со фамозниот Волшебен автобус.

Ова патување низ Европа ќе биде наедно и почеток на една исклучителна љубовна приказна и потрага по внатрешните вистини што ќе ги однесат нив двајцата, а и нивните сопатници, до прифаќање на еден сосем нов светоглед.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-230-5929
Пауло Коелјо

Пауло Коелјо

Пауло Коелјо де Соуза (Paulo Coelho) (роден на 24 август 1947 година) е бразилски текстописец и романсиер. Член е на Бразилската академија за писма. Неговиот роман „Алхемичарот“ е продаден во повеќе од 150 милиони примероци ширум светот и е најпродавана книга на сите времиња од бразилски писател. Тој влијаеше на бразилската рок музика преку неговото партнерство со музичарот Раул Сеиксас.

Повеќе за Пауло Коелјо
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x