Граница

Граница

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Оваа ведра книга во исто време во својата интимна текстура сведочи и за балканскиот трагизам. Авторот не ни зборува само како албански бегалец емигрант екс Југословен македонски државјанин туку сведочи и како балкански човек живеејќи и носејќи ги во себе судбините на толку многу поврзани мешани делени противставувани култури. - Едгар Морен

Граница е шеснаесеттиот роман од Балканската сага на Луан Старова (Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Пресадена земја, Балкански клуч, Патот на јагулите, Тврдина од пепел, Ервехе – книга за една мајка, Во потрага по Елен Лејбовиц, Љубовта на генералот, Амбасади, Нови амбасади, Балканвавилонци, Балкански жртвен јарец и Враќањето на козите). Француската книжевна критика овие романи ги вбројува во редот на големите европски романи.

Границата е релативно нова идеја на Балканот. Нараторот во неколку големи поглавја раскажува еден век граница преку доминантните ликови и нивните разгранувања во светот во текот на XX век: Дедото, Бабата, Таткото, Мајката и самиот раскажувач. Со својата нарација, како и со оригиналните фотографии, оваа книга е значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Издавачка куќа Три
Автор Луан Старова
ISBN 978-608-230-532-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x