Гранд хотел Европа

Гранд хотел Европа

Цена: 630 ден.

Опис на книгата

Маестрално дело за стариот континент, каде што има толку многу историја што не останува место за иднината и каде што вистинските перспективи се нудат единствено преку експлоатирање на минатото за туристички цели.

Писател отседнува во прочуениот, но декадентен „Гранд хотел Европа“, за убаво да размисли каде згрешил со својата голема љубов Клио, која ја запознал во Џенова, а потоа отишле да живеат во Венеција. Тој ја реконструира трогателната приказна за љубовта во времиња на масовен туризам, за нивните патувања на Малта, Палмарија, Портовенере, Чинкве Тере, и нивната возбудлива потрага по последната слика на Караваџо.

Во меѓувреме, развива фасцинација за мистериите на „Гранд хотел Европа“ и сè повеќе се поврзува со незаборавните ликови што престојуваат таму. Се чини дека тие се заглавени во други времиња наспроти глобализацијата што се шири насекаде.

Ова е роман за европскиот идентитет и носталгијата за крајот на една ера. Изненадувачки или не, но Илја Леонард Фајфер еден дел од книгата сместува и во Скопје, каде што престојувал неколку дена во 2017 година.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Автор Илја Леонард Фајфер
Издавачка куќа Антолог
Страници 640
ISBN 978-608-243-491-9
Тежина 620
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x