Томазо КАМПАНЕЛА (1568–1639) поминал 27 години во затвор поради своите смели филозофски концепции. Неговиот Град на сонцето е една од најцелосните и најубавите утопии напишани некогаш – идеална и праведна држава во која приватната сопственост и парите не постојат, а сите луѓе се рамноправни. Идеали што се актуелни и денес и заради кои оваа книга останува секогаш поучна и привлечна за читање.